Младенците воодушевени: Цеца има идеја што ќе ја направи свадбата уште погламурозна
До гламурозната венчавка на наследникот на фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко, и неговата избраничка Богдана Родиќ, остануваат малку повеќе од две недели, а подготовките се одвиваат со полна пареа.
Богдана на црковната венчавка ќе ја носи венчаницата на Цеца, а сите дами во семејството на големо ги подготвуваат тоалетите за овој важен ден. Се внимава на секој детаљ, а популарната пејачка им предложи на младенците нешто што ги воодушеви.
Цеца им предложи да изнајми луксузен ролс-ројс и тоа да биде невестинското возило со кое ќе отидат по невестата во Тител. Вељко и Богдана се воодушевија од идејата и веднаш ја прифатија. Цеца им препушти на младите сами да изберат модел што сакаат од овој олдтајмер“, раскажува извор за „Блиц“.
Инаку, Богдана е во блажена состојба, па напролет пристигнува и приновата во домот на Ражнатовиќ.
Фото: ATA Images