Кандиран зеленчук – вистинско задоволство!

Доколку не ви е контраиндициран шеќер, пробајте го ова несекојдневно задоволство

Ви го предлагаме следниот начин за приготвување кандиран зеленчук, кој може да се чува само кратко време, но затоа во него остануваат максимум корисни супстанции.

ЦВЕКЛО

Потребно е: килограм варено исчистено цвекло (исечкајте го на плочки со дебелина 4-5 мм), половина килограм шеќер, половина чаша вода, лажиче лимонтус, исчистен портокал (исечкан на неколку дела), прстофат цимет.

Измешајте ги водата, шеќерот и лимонтусот, па динстајте на тивок оган додека се растопи шеќерот. Кога ќе зоврие, додајте ги портокалот и циметот. На крајот во сирупот додајте го цвеклото, варете уште 15 минути и тргнете го од огнот. Цвеклото извадете го на сито и оставете го да се лади четири-пет часа, потоа префрлете го во чинија да се суши.

ДОМАТ

Потребно е: килограм мали зелени домати, килограм шеќер, изрендана кора од портокал или лимона.

Доматот прелејте го со вода, оставете го да зоврие, па динстајте го на тивок оган пет минути. Потоа таа вода истурете ја, сипете нова, ладна и повторете го сето тоа. Кога ќе ја истурите и втората вода, додајте ги шеќерот и изренданата кора од цитрусот, прелејте со литар вода и оставете да отстои 12 часа. Доматот извадете го на сито, а по четири-пет часа ставете го и да се суши.

Текст: Елена Тарасевич, терапевтка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.