Народната медицина советува
Во стари времиња, лекарите не умееле да лекуваат гноен енцефалитис, но народот умеел да се избори со таа болест
Овие совети може да ви притребаат доколку ви е недостапна стручна медицинска помош, но при првата можност сепак морате да посетите лекар!
* Во стари времиња, лекарите не умееле да лекуваат гноен енцефалитис, но народот умеел да се избори со таа болест. Еве како: во текот на три дена на болниот му правеле парна бања и интензивно го пареле најмалку еден час.
* Исто така му давале да пие одвар од кора од јасика и од елка, а како бактерицидно и антивирусно средство – одвар од фиданки од црна топола. Во шолјичка зовриена вода ставале по една лажица од суровината. Го оставале тоа да отстои и земале по четири лажици пред јадење.
* Корисно е да се зема и матичен млеч: секојдневно по 30 г пред јадење.
* Тинктура од зелени ореви ќе помогне да се отстранат отокот и црвенилото. Плодовите треба да се иситнат, да се наполни со нив тегла и да се прелеат со вотка. По 30 дена ќе добиете тинктура што треба да ја имате во домашната аптека. Се зема по едно лажиче трипати дневно, пред јадење.