Предупреден значи вооружен: Заштитете се од крлежите!

Во што е опасноста?

Русија е лидер по бројот на настрадани од каснувања крлежи. Ниту во Македонија тој број не е занемарлив. Меѓутоа, алармантно е тоа што многумина по каснувањето од овие паразити не одат на лекар, мислејќи дека ништо нема да им се случи, а каснувањето од малиот крвопиец е способно да му нанесе огромна штета на организмот

Крлежите се будат од зимскиот сон рано напролет и својот „лов“ го завршуваат дури наесен. Најповолни услови за нив се температура на воздухот до +20 степени, со влажност на воздухот од 80%. Паразитите повеќе сакаат животна средина каде што има трева и грмушки, како и деловите на шумските површини со густа вегетација. Проблемот е во тоа што птиците, домашните и другите топлокрвни животини пренесуваат многу опасни заболувања.

Крлежите преку нив се заразуваат и со каснувањето инфекцијата ја пренесуваат на човекот, а на напад на инфициран паразит можете да бидете изложени не само во шума туку и при шетање во градскиот парк или во сопствената градина.

Ширење на болестите

Крлежен енцефалитис. Едно од најопасните заболувања. Во почетната етапа се манифестира со ненадејна покачена телесна температура до 38-39 степени, главоболка, стврднати мускули на вратот, повраќање. Потоа доаѓа до општа слабост, болки во мускулите на грбот, вратот и на рацете. Оваа болест предизвикува сериозни невролошки нарушувања, кои доведуваат речиси до тежок инвалидитет.

Лајмска болест (борелиоза). Најраширената инфекција што ја пренесуваат крлежите. Нејзините симптоми се висока температура, главоболка, умор, вкочанетост на мускулите на вратот, мачнина, повраќање, специфичен кожен исип (црвенило што се шири прстенесто). Се лекува со антибиотици, но доколку навреме се почне со нивна примена. Најголемите компликации настануваат ако болеста го зафати централниот нервен или кардиоваскуларен систем.

Крлежна треска. Клиничката слика се јавува приближно две недели по каснувањето. Болест има акутен почеток: треска, силни главоболки, несоница, слабост. До моментот на скокот на температурата се создаваат јазол со боја на темна вишна и различни облици на исип.

Дамчеста треска. Симптомите на оваа болест се: покачена температура, ситни дамки на слузокожата на устата, исип на кожата, крвавење од носот, повраќање со крв, грчеви, халуцинации, нарушувања на видот и на слухот, претерана возбуденост. Ги напаѓа крвните садови и предизвикува тешки компликации како што се мозочен удар и бубрежна инсуфициенција.


Домашни репеленти

Можна е ефикасна заштита од крлежи со користење домашни средства.

* Етерични масла. Растворете во вода масло од чајно дрво, каранфилче, од елка или од еукалиптус (половина лажиче на 100 мл вода). Пред излегување во шума истријте ги со тоа отворените делови на телото, а остатокот испрскајте го на облеката.

* Јаболков оцет. Намачкајте ги кожата и рабовите на облеката. Мирисот и вкусот на оцетот ги бркаат паразитите.

* Кромид и лук. Со нив можете да ги истриете дланките, глуждовите и вратот.

* Мравки. Во аптека купете мравји алкохол и со него третирајте ги облеката и отворените делови на телото. Доколку на опасноста од крлежите се сетите дури во шума, соблечете ја од себе горната облека и ставете ја 10–15 минути на мравјалник. Потоа истресете ги мравките од облеката.

Извор: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.