Северина искрено: „Во знак на благодарност почнав редовно да му готвам“

Игор е најважниот играч во нејзиниот тим

Фото: Инстаграм

Иако многумина се сомневаа во љубовта на хрватската ѕвезда Северина и 15 години помладиот Игор Којиќ, тие веќе четири години уживаат во брачната среќа. Се венчаа дури трипати, Во Итсра, Белград и Занзибар, а дека нивниот однос е посилен од ден во ден, пејачката откри во разговорот за хрватското издание на „Глорија“.

Игор е дефинитивно најважниот играч во мојот тим, бидејќи е мојата љубов и најголемата поддршка. Среќна сум што сакам и што сум сакана, а тоа е идеалот на секој партнерски однос. Игор го обожава мојот син и многу добро се разбирам со него, а мене ми е најдобар пријател: постојано сме заедно, имаме слични погледи на животот и тој ми е, покрај синот, најголемата инспирација. А јас почнав редовно да му готвам во знак на благодарност“, раскажа Северина и истакна дека конечно созреала.

 

 

View this post on Instagram

 

Ljubav moja mi uletila u selfi😍😍😍😍😍#volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Не се занесувам со минатото, ниту го преживувам. Минатото е добро само за интервјуата, во кои е убаво да се потсетиш што си правел, со кого си бил за да се направиш важен. Во мојата работа секој нов ден е натпревар за тоа колку си постигнал нешто“, заклучи пејачката.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.