Здрава туна-диета: Дотерајте ја линијата за само 3 дена!

Здрава е за срцето и одлична за линијата!

Диетата со туна се држи три дена, а следните четири дена јадете нормално

За време на диетата, секој ден задолжително е да изедете порција туна. Дозволено ви е да пиете чај, црно кафе и вода.

Оние што ја држеле оваа диета, велат дека можете да изгубите до пет килограми. Екстремно ниското внесување калории значи дека ќе изгубите малку маснотии, но губењето на тежината ќе се јави поради исфрлањето течности, бидејќи исхраната подразбира малку јаглехидрати, кои му помагаат на телото да задржува течности. Сепак, нема докази дека оваа диета го намалува холестеролот и го прочистува телото.

За време на диетата би требало строго да се придржувате на режимот на исхрана и да пиете најмалку 2,5 литри вода дневно. Варијациите на диетата со туна дозволуваат некои замени, како што се тост или јогурт за сладолед од ванила и сирење за туна.

Редовното консумирање туна има позитивен ефект на организмот, бидејќи туната содржи многу витамин Д, омега-3 маснотии (до 50% го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, ги подобрува мозочните функции и помага за намалување на тежината). Туната е богата со витамини и фосфор. Таа содржи многу малку маснотии и не е потребно да ја зачинувате, освен со неколку капки лимон.

МЕНИ

Прв ден

Појадок: 1 шолја црн чај или кафе, 1/2 грејпфрут или овошен сок, 1 тост намачкан со путер од кикирики (или сусам)

Ручек: 100-150 грама туна во салата со рукола, помала краставица, чери домати и по желба лажица варена пченка, 1 шолја црно кафе или чај

Вечера: 100 грама варено говедско месо, 200 грама динстана боранија, 200 грама изрендан морков со неколку капки лимон, помала чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), 1 средно јаболко, 1 шолја црно кафе, чај или вода

Втор ден

Појадок: 1 шолја црн чај или кафе, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана

Ручек: 200 грама туна, 5 крекери, 1 шолја кафе, чај или вода за пиење

Вечера: 200 грама пилешки гради на скара, 100 грама варен морков, 200 грама варени брокули, 1 банана, чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), 1 шолја црно кафе или чај

Трет ден

Појадок: 1 шолја црн чај или кафе, 5 крекери, 30 грама сирење, 1 јаболко со средна големина

Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, 1 шолја црно кафе или чај

Вечера: 200 грама туна, 100 грама варен морков, 100 грама варен карфиол, 1 круша со средна големина, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), 1 шолја црно кафе или чај

  • Оброците распоредете ги така што вечерата да ви биде околу 18 часот, а потоа да не јадете ништо
  • Задолжително е секој ден да пешачите околу 30 минути
  • Ако користите статини или други лекови што не се комбинираат со грејпфрут, наместо сок од грејп, пијте сок од портокал и лимон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.