Ова никој не го очекувал: Ана Винтур ја збунила јавноста со изборот на обувки!

Моден пресврт!

Ана Винтур се појавила во неочекувана модна комбинација

Главната уредничка на американскиот магазин „Вог“ и највлијателното име во светот на модата, Ана Винтур, веќе 25 години им е верна на истите сандали на потпетица што ги носи на сите модни настани.

По толку години, навикнавме да ја гледаме во истите обувки, но на неодамнешниот Australian Open во Мелбурн, Винтур сите ги изненадила со изборот на рамни еспадрили за кои мислевме дека нема да ги облече ни во најлудите соништа.

Омилените летни обувки на трендсетерките ширум светот се чини дека ја освоиле и кралицата на модата, која ретко експериментира со облеката. Винтур ги искомбинирала валкано белите еспадрили со бел фустан со цветен принт и големи ракави, кои се голем хит на модната сцена, како и со златно синџирче и црни очила за сонце.

Беж сандалите, од кои Винтур не се одвојуваше досега, биле посебно дизајнирани за неа од страна на славниот Маноло Бланик уште во 1994 година. Ги нарекол едноставно АВ, а ги изработил според отпечатокот од нејзиното стапало и биле дизајнирани според нејзините замисли.

Оттогаш, славната уредничка секоја година нарачува повеќе чифта од омилениот модел кои сосема малку се разликуваат во дизајнот, а постојат во повеќе нијанси на беж боја за да може да ги комбинира на различен начин.

„Никогаш не би го коментирал бројот на чевли што некој го нарачува од мене, но Ана секогаш сака чевлите, исто како и нејзината облека, да бидат совршени. Таа има фантастични нозе и нејзините стапала се секогаш совршено дотерани. Секогаш се договараме околу материјалот и ја прилагодуваме вистината на потпетиците. Одлучуваме дали ќе има пошироки ременчиња или нема да ги менуваме. На крајот, за сè одлучува Ана“, изјавил Бланик своевремено за „Вог“.

Прочитајте ги и златните правила за облекување на модната кралица Ана Винтур.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.