Златни правила за облекување на модната кралица: Мора да ги послушате советите на Ана Винтур!

Бидете во тренд!

Овие совети на модната икона ќе ги воодушеват сите жени

Ана Винтур, уредничката на магазинот „Вог“, важи за една од највлијателните жени во модниот свет, а нејзините совети се бесценети.

Најмоќната жена во модната индустрија им дала совети на жените кои сакаат секогаш да бидат во тренд.

Инвестирајте во безвременски парчиња и носете ги често

Според нејзино мислење, наместо плакар полн со модерни крпчиња, подобро е да имате неколку квалитетни парчиња облека, кои се добро скроени и изработени од квалитетни материјали. Тие се поскапи, но инвестицијата ќе ви се исплати, бидејќи подолго ќе трае.

Повеќе ризик, помалку случајни комбинации

На сите им се познати основните правила на облекување, но понекогаш треба да се ризикува малку при изборот на парчиња облека. Модата е, пред сè, игра. Може да ја сфаќате сериозно, но притоа мора и да се забавувате, па затоа заборавете на застарените правила на комбинирање дезени, материјали, бои и текстури.

Некогаш, носењето повеќе од еден дезен во комбинација било незамисливо, костимите од волна или твид не се носеле со кожни јакни, а шарените парчиња облека се комбинирале само со еднобојни обувки. Секако, дека сега слободно може да ги отфрлите сите овие правила и да им се препуштите на креативните модни игри кои може да резултираат со фантастични стилски изданија.

Рециклирајте ја облеката

Многу славни дами никогаш нема двапати да облечат иста модна комбинација или парче облека. Ана го отфрла тоа правило и се залага за рециклирање на облеката, особено кога се во прашање некои безвременски парчиња.

Зошто да ги чувате прекрасните панталони, фустани и здолништа во плакарот и да ги облекувате само повремено? Носете ги кога сакате, повремено надополнете ги со некој нов детаљ и уживајте во облеката која прави да се чувствувате најдобро.

Пронајдете го вашиот стил и бидете му доследни

Само затоа што моментално се носат предимензионирани парчиња кои вам лично не ви се допаѓаат, не значи дека треба да ја исфрлите сета тесна облека од вашиот плакар и задолжително да посегнете по широка. Слободно игнорирајте ја облеката во која не се чувствувате добро и која не ви стои убаво. Одбирајте парчиња што ѝ ласкаат на вашата фигура и што испраќаат порака за вашата уникатност.

Иако има пристап до сите чевли од најголемите и најценетите модни куќи, Ана повеќе од 20 години носи ист модел на обувки Маноло Бланик, направени по мерка.

Носете бои

Ана отсекогаш се залагала за модно шаренило. Темните и еднобојни парчиња задолжително ги надополнува со раскошни шарени детали, а во една комбинација спојува и по неколку различни бои кои воопшто не мора да бидат комплементарни.

Најголемиот грев што Ана никому не му го простува е целосно црна комбинација. Своевремено изјавила дека никогаш не би носела црно од глава до пети.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време