Голем месечен хороскоп за февруари 2019 година!

Нова врска за Јарците, лош период за Девиците...

Дознајте што ве очекува на поле на љубовта, работата и здравјето во февруари 2019 година!

Овен

Работа: Првата недела од февруари ќе ви започне бурно и нема да знаете што ве снашло. Многуте обврски на приватен и професионален план нема да ви дадат многу време за одмор, па нема да можете да најдете време ни за саканата личност. Дури на почетокот на втората недела ќе можете подобро да се организирате. Овој период е идеален за инвестиции, така што вложете пари во нешто што долго време го планирате.

Љубов: Втората половина од месецот е резервирана за вашите пријатели и семејство. Мора да сфатите дека животот брзо поминува и дека еден ден ќе ви биде криво што не сте одвојувале повеќе време за најблиските.

Здравје: Здравствената ситуација нема да ви даде мир кон крајот на овој месец. Иако мислевте дека сте решиле еден здравствен проблем, тој повторно ќе се врати, така што подгответе се за упорна борба со лекови. Мора да го зајакнете вашиот имунитет и да го решите овој проблем еднаш засекогаш.

Бик

Работа: Ќе бидете напнати на почеток од месецот, затоа што некои проекти веќе ви доцнат, ве очекуваат и нови, а тоа чекање може да потрае и неколку недели. Не можете сè да постигнете сами, но другите не ви помагаат, бидејќи мислат дека нема потреба некој да ви се меша во работните задачи. Треба да знаете дека ве очекува напорен период и ќе ви треба многу сила за да завршите сè што сте планирале.

Љубов: Средината на месецот е идеална за да расчистите некои работи со луѓето кои зборувале лошо за вас, иако не сте им дале повод за тоа. Некои луѓе само бараат причина да ве критикуваат. Вие само сакате да бидете во добри односи со сите, како со колегите така и со познаниците. Но додека не дојде до тоа, ќе мора често да се расправате со другите и да ги браните вашите ставови.

Здравје: Ќе бидете под стрес поради многуте недоразбирања со луѓето околу вас. Обидете се да се изолирате и да се исчистите од негативната енергија што другите ви ја пренесуваат.

Близнаци

Работа: Работата и кариерата ќе ви бидат најважни овој месец и ретко кој ќе може да ве спречи да напредувате. Конкуренцијата е голема, но тоа не ве плаши, напротив, ви дава енергија и мотивација да се борите уште посилно. Сметате дека имате потенцијал да бидете најдобри, па затоа не брзате, туку ја чекате својата шанса. Ако постигнете успех на работа, ќе ви се укаже можност да остварите финансиска заработка.

Љубов: Во љубовта не ви цутат рози и многу добро го знаете тоа. Другите постојано ве распрашуваат и сакаат да знаат зошто е тоа така, а тоа само ви создава дополнителен притисок. Знаете и сами дека имате направено некои грешки во љубовта, но тоа сега не може да се поправи. Мора да размислувате позитивно и да ја чекате вашата шанса која наскоро ќе ви се укаже.

Здравје: Здравјето добро ќе ве служи овој месец, но можни се проблеми со дигестивниот систем. Внимавајте на исхраната и пијте доволно вода.

Рак

Работа: Февруари е месец кога ќе остварите нови деловни контакти и соработка, а само од вас зависи како тие соработки ќе завршат. Доколку не избрзувате со вашите идеи и бидете трпеливи, можна е деловна соработка што ќе ви донесе не само финансиска корист, туку и подобра репутација. Од друга страна, ако не сакате да чекате, и најмалата грешка може скапо да ве чини. Ако ви тргне работата, бидете подготвени на тоа дека веќе нема да имате време за некои слободни активности.

Љубов: Во љубовта ви оди како што треба и тоа ве чуди. Секогаш сте имале некакви несогласувања со саканата личност околу важни работи, но и околу ситници. Секогаш сте имале причина за расправија, но овој месец нештата се поинакви и не сте навикнати на олку мирен период во врската. Наместо да се чудите зошто односот со партнерот е одличен, уживајте во убавите моменти и искористете го овој период за да испланирате некое заедничко патување. Можеби на тоа патување ќе сфатите дека сте подготвени да ја издигнете вашата врска на повисоко ниво и да ја претворите во вистинска сериозна врска, каква што долго време не сте имале.

Здравје: Ќе имате доволно енергија за да ги надминете сите работни и приватни предизвици. Можен е пад на имунитетот кон крајот на месецот.

Продолжете на следната страница за останатите хороскопски знаци…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.