„Жената мора да ја знае својата цена, но никогаш не смее да ја каже“: 20 мудрости на едната и единствена Шерон Стоун!

Една од најпаметните жени во Холивуд

Познато е дека Шерон Стоун има највисок коефициент на интелигенција во Холивуд

Иако има 62 години, оваа одлична актерка не ја изгубила смислата за хумор и продолжува да кажува остроумни бисери во кои има многу вистини и животни мудрости.

  • „Ми се чини дека уште во моментот на раѓање веќе имав 40 години. Уште во основно училиште сите ги избезумував со зрели прашања, на кои барав зрели одговори.“
  • „Сакам да остарам – тоа ми е главната цел. Пред 18 години имав излив на крвта во мозокот и затоа одлично разбирам што значи спокојно да се остари. Девет дена ми крвавење мозокот. Малку луѓе го имаат преживеано тоа, но јас успеав некако. Потоа, две години повторно учев да одам, читам и да пишувам. Потоа сфатив колку е бесмислено да се зборува за брчки.“
  • „Вечната младост е мит. Не сакам да бидам безвременска убавица. Сакам да бидам жена која изгледа најдобро што може за своите години.“
  • „Не кријам дека сум пробала ботокс. И повеќе од еднаш, но навреме престанав за да не се претворам во една од они златни рипки со кои е полн Холивуд. Поради ботоксот сега сите актерки личат една на друга. Сакам да останам тоа што сум. Во мене нека видат жена зад која стојат години исполнет живот.“
  • „Ава Гарднер била најубавата жена на светот. Зошто? Никогаш ништо не правела со себе. Изгледала како жена и никогаш не се обидувала да изгледа како девојка.“
  • „Кога ја преминав 40-та година, се затворив во бањата со чаша вино и си кажав себеси: Не одам никаде додека не почнам да се доживувам себеси онаква каква што навистина сум.“
  • „Во животот не е важно како паѓаш, важно е како стануваш.“
  • „Ни најскапата козметиката и најдобра фризура не ја прават жената убава. Најубавите и најинтересните жени се оние што во животот имале успеси и падови.“
  • „Жените можат да глумат оргазам, додека мажите глумат вљубеност.“
  • „Вистински убавата жена секогаш е љубезна кон другите жени и луѓе. Не ја интересираат ривалства, интриги и подлости.“
  • „Ако си паметна, ќе бидеш и убава. Нема грди жени. Некој е убав како роза, некој како кактус.“
  • „Луѓето се плашат од промени – мислат дека ќе изгубат нешто. Забораваат дека со тоа можат да добијат и многу нови работи.“
  • „Некои девојки и самите се претвораат во мажите за кои некогаш фантазирале дека ќе се омажат.“
  • „Кога станав будист, сфатив дека човекот го измислил срамот – во природата нема срам. Тоа не е ништо освен начин на манипулација со луѓето.“
  • „Жената мора да ја знае својата цена, но никогаш не смее да ја каже.“
  • „Смртта повеќе пати ми има тропнато на врата, но никогаш не ѝ отворив. Ме научи како да живеам поинаку. Тоа тропање на врата ме разбуди.“
  • „На светот никогаш нема да има апсолутна хармонија и мир, но тие можат да постојат во твојата глава.“
  • „На 58 години сфатив дека убавината доаѓа однатре. За да бидеш и да останеш убава, треба да го правиш тоа што го сакаш и тоа секој ден. На пример, не можам да си го замислам животот без танц и го правам тоа до изнемоштување.“
  • „Подобро е да си сам одошто да се чувствуваш осамено покрај погрешната личност.“
  • „Ѕвездата мора да има пријатели кои биле покрај неа и пред да стане славна – да има некој што ќе ја стави на место. Бидејќи секоја ѕвезда е само човек, како и секој друг на овој свет.“
Шерон Стоун: „Кој и да ви каже дека изгледот не е важен – ве лаже!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.