„Целиот свет ќе го покориш ако научиш да постапуваш и да сакаш ВАКА“: Животна поука на Достоевски

Сите треба да го применат овој совет

„Љубовта е голема сила, најсилната од сите, ѝ нема рамна!“, зборувал славниот писател

Фјодор Михајловиќ Достоевски бил еден од најзначајните и највлијателните писатели на сите времиња и оставил голема трага во историјата.

Достоевски пишувал за социјалните неправди и за човекот како нивна жртва. Неговите луѓе се понижени и навредени, но има и такви кои се свесни за своето човечко достоинство.

Неговите продирања во најмрачните делови на човечкото срце, заедно со ненадминливте моменти на просветлување, имале огромно влијание врз книжевноста во 20. век.

Кога се двоумите, особено ако станува збор за човечки грев, сигурно се прашувате: Дали треба да се победува со сила или смирено со љубов?

Секогаш одлучувајте вака:

„Победувај смирено со љубов. Еднаш кога ќе се одлучиш за тоа, ќе можеш да го покориш целиот свет. Смирената љубов е голема сила, најсилна од сите, ѝ нема рамна! Секој ден и секој час, секој момент, надгледувај се самиот себе, за да бидеш сигурен дека изгледаш пријатно. Ете, помина покрај мало дете, помина лут, со лош збор, со зајадена душа; можеби не си го ни забележал детето, но тоа те видело тебе и твојот лик, намуртен и зол, можеби и останал во неговото слабо и незаштитено помнење. Ти тоа не го знаеш, но можеби со тоа веќе си засадил расипано семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе порасне. Сето тоа затоа што не си се воздржал пред детето, бидејќи не си одгледал во себе грижлива и нежна љубов

Браќа, не плашете се од човечките гревови, сакајте го човекот и во гревот негов, бидејќи кога некој сака грешен човек, тоа е веќе слика на божествена љубов и е врвот на љубовта на земјата.

Сакајте ги сите божји суштества и најмалата ронка. Секое ливче, секој зрак. Сакајте ги животните, сакајте ги билките, сакајте ги сите нешта. Ако го сакате секое нешто, ќе ја разберете и тајната божја. А еднаш кога ќе ја сфатите, потоа неуморно ќе почнете да ја запознавате сè повеќе и повеќе, секојдневно. И на крајот, ќе го засакаш целиот свет целосно со целосна љубов.

Сакајте ги животните. Ним Бог им дал трошка мисла и тивка радост. Немојте да им ја нарушувате, не мачете ги, не одземајте им ја радоста, не противете им се на мислите Божји. Човече, не занесувај се, немој да мислиш дека си подобар од животните: тие се безгрешни, а ти, со твојата величественост, само ја труеш земјата со својата појава, на неа својот загноен траг го оставаш по себе – и тоа речиси секој, секој од нас! Особено сакајте ги децата, бидејќи тие се безгрешни како ангели и живеат за да нè разнежнат и усреќат, тие живеат за да ги прочистат нашите срца, како некој патоказ за нас. Тешко оној кој ќе навреди дете“, заклучил писателот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.