СИМОНА САЛТИРОВА: „Убавина е она што доаѓа однатре, сè друго е минливо!“

У&З прашалник

Дознајте како Симона Салтирова ја одговори нашата верзија на Прустовиот прашалник

Еден од најдобрите начини да се запознае одредена личност е Прустовиот прашалник на францускиот есеист и новелист Марсел Пруст. Ова е нашата верзија на познатата алатка за разоткривање на човечката природа, а овој пат одговараше нашата мејкап-артистка Симона Салтирова (@simsaltirova).

1. Најголемиот тренд моментално е… силно руменило и негувана кожа, малку нашминкана.

2. Најмногу им се восхитувам на… мојата мајка и блиските луѓе.

3. Се издвојувам од другите зашто сум… амбициозна, дисциплинирана, имам препознатлив стил и креативен израз.

4. Убавина е… она што доаѓа однатре, сè друго е минливо.

5. Се грижам за моето здравје така што… го слушам телото и му го давам што му е потребно.

6. Мојот животен стил би го опишала како… кул.

7. Ме нервира кога… немам енергија за сите мои желби и обврски.

8. Среќна сум кога… сум во природа, во креативен процес и во љубов.

9. Талент што би сакала да го поседувам е… да имам убав вокал, многу сакам да пеам.

10. Мојот најголем страв… зависи од моменталниот животен предизвик, работам на него и секогаш го совладувам.

11. Веднаш би се преселила во… Њујорк или на егзотично место како Занзибар.

12. Најголемата лекција што ја имам научено е… не е злато сè што сјае.

13. Љубов е… нешто за што сме направени и од кое сме направени.

14. Тајна што никој не ја знае… одам во вежбалница со маслиново масло на косата собрана во висок кок кога е ден за миење коса, како третман за убавина.

15. Омилен сегмент од „Убавина и здравје“ ми е… рубриката „Убавина & стил“, особено последното издание за негата на славните.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

АЛЕКСАНДРА ШИЈАКОСКА: „Убавина е да си легнеш со чиста совест на перница“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.