Секој паметен човек знае дека овие 2 работи најдобро е да си ги задржи за себе: Познат психијатар објаснил зошто е тоа така!

Се согласувате?

Неговите ставови за животот и денес се корисни за голем број луѓе, бидејќи се безвременски

Многу мудрости на Зигмунд Фројд и денес служат како вечни потсетници за посвесен и попаметен живот.

1. „Луѓето секогаш ги споредуваат вашите успеси со сопствените, а ако вашите успеси се поголеми, луѓето ќе се чувствуваат полошо. Ако сакате да си создадете непријатели и завидливи луѓе, само почнете да зборувате за вашите победи.“

Секако дека треба да бидете горди на себе и на вашите достигнувања и не треба да ги криете. Но внимавајте кога зборувате за своите успеси, за да не преминете во фалење, но и да не предизвикате завист и љубомора. Внимателно проценете кому му се обраќате, за да не останете без пријател.

Сличното правило важи и за животните неуспеси и неволји. Доколку постојано зборувате за себе и за вашиот живот во негативен контекст, набрзо ќе бидете опкружени со енергетски вампири кои се хранат со туѓата несреќа.

2. „Ако сакате да ги уништите сопствените планови – раскажете му ги на целиот свет.“

Ова сигурно ви е познато и веројатно ви се случило. Им раскажувате на луѓето што планирате, ги изложувате деталите, полни сте со ентузијазам и потоа одеднаш сè тргнува наопаку.

Фројд верувал дека проблемот не е во влијанието на другите луѓе, туку во нас самите.

„Кога зборувате за своите планови, добивате одобрение споредливо со туѓите достигнувања. Мозокот губи мотивација, страст и интерес.“

Зборувањето за плановите ја исцрпува мотивацијата и интересот за реализација на планот се губи (нашиот мозок регистрира како веќе да завршил еден куп работи). Мудро би било повеќето планови да ги задржите за себе.

10 тешки и сурови вистини од Зигмунд Фројд: Ќе ви ги отворат очите
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.