Најзгодната баба открива која е тајната на нејзиниот изглед: „Доживувајте оргазам 12 пати дневно како мене и ќе видите што е рај!“

Интересно

На прагот од шестата деценија оваа фит-баба изгледа феноменално и открива која е тајната на нејзината младоликост, за која смета дека не треба да биде табу

Андреа Саншајн е британска бодибилдерка, инфлуенсерка и вистинска фит-баба, која отворено зборува за својот интимен живот во јавност. Ѝ се додворуваат двојно помлади мажи, бидејќи таа плени со својот изглед и на прагот од шестата деценија. Признала дека досега има спиено со околу 720 мажи.

Откако се развела пред повеќе од 18 години, таа ужива во љубовните авантури. Најголемо внимание привлекла кога објавила оглас дека бара партнер. Привлечниот изглед во тие години не само што се должи на редовниот тренинг, правилната исхрана и негата, туку се должи на уште една тајна за негувана младешка кожа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andréa Sunshine (@andrea__sunshinee)

„Сакате убава кожа? Обидете се да доживувате убави климакси, секако! Мастурбирам 12 пати дневно. Нема ништо подобро од природата“, рекла Андреа која често споделува совети на социјалните мрежи, а многу мажи ѝ пишуваат мислејќи дека е многу помлада.

„Никој не ми верува кога ќе кажам дека имам 53 години, бидејќи мојот младешки изглед, ставата, како и кожата на лицето, не ги издаваат моите години“, рекла оваа згодна баба.

Покрај тоа што користи дневни хидратантни кремови, поранешната натпреварувачка за најубав британски задник, исто така, пие околу две и пол литри вода дневно и редовно користи крем за сончање, а формулата за младешка кожа ја открила по консултациите со дерматолог, со која разговарала за предностите од доживувањето оргазам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andréa Sunshine (@andrea__sunshinee)

„Ми кажа дека задоволствата се многу добри за кожата. Тие го зголемуваат протокот на крвта и предизвикуваат ширење на крвните садови, па кожата станува розеникава. Тогаш го открив рајот“, открила Андреа која смета дека оргазмот не би требало да биде табу тема денес.

„Веќе мастурбирав со пријателките за да им покажам колку е тоа нормално. Оргазмот нуди многу предности и веќе ги научив жените колку е важен за кожата“, заклучила таа.

Андреа е баба за која се „лепат“ фраери: Процутела по разводот, а жените не престануваат да ѝ завидуваат
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.