Андреа е баба за која се „лепат“ фраери: Процутела по разводот, а жените не престануваат да ѝ завидуваат

Провокативна баба

Најзгодната баба Андреа има совршено тело поради кое многу жени ѝ завидуваат, па дури и двојно помлади жени

Бразилката Андреа Саншајн важи за една од најзгодните баби, благодарение на што станала многу популарна на социјалните мрежи. Со атрактивниот изглед секојдневно ги воодушевува следбениците, а многумина не можат да поверуваат дека Андреа ја гази шестата деценија.

Со своето извајано тело ги мами машките воздишки, но тоа не се случило само од себе. Андреа почнала да вежба уште на 15 години, а денес е сè поактивна. Нејзините тренинзи се толку интензивни што некогаш траат и по 8 часа, голема мотивација добила кога станала постара и позрела, а трауматичниот развод бил дополнителен поттик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andréa Sunshine (@andrea__sunshinee)

„Сета своја тага и фрустрација ги ставив на теговите и тогаш повторно почнав да се чувствувам жива. Штом го согледав мојот потенцијал, го открив фитнес-ѕверот во себе“, рекла таа.

Разводот влијаел позитивно врз неа, со оглед на тоа што ја мотивирал да се погрижи за својот изглед, а Андреа денес претпочита помлади, кои најчесто ѝ приоѓаат први.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andréa Sunshine (@andrea__sunshinee)

Исто така, таа се пријавила на престижен фитнес-натпревар во Велика Британија, каде што била фаворит за најдобар задник. Интересно е што на натпреварот биле пријавени девојки кои би можеле да ѝ бидат ќерки, но таа истакнала дека нема конкуренција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andréa Sunshine (@andrea__sunshinee)

Оваа атрактивна баба добива голема поддршка од ќерките и внуките, додека и нив се обидува да ги активира и мотивира да почнат да тренираат.

„Најголема поддршка ми е ќерка ми Џена, која е многу убава. На заедничкиот одмор вежбавме на Малдивите и на Миконос. Има добри гени, но ѝ треба поголема дисциплина. Без напорна работа нема ни резултати“, рекла таа.

„Вежбам и со внука ми од девет години, таа има одличен потенцијал. Верувам дека за сега таа ќе биде мојата наследничка, покажува интерес и го сака тоа што го работам, таа е мојот најголем фан, а Хенрико, мојот 10-годишен внук, е воодушевен од моите бицепси, обожава да ги допира, но сè уште не сме тренирале заедно“, додала Андреа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.