10 тешки и сурови вистини од Зигмунд Фројд: Ќе ви ги отворат очите

Се согласувате?

Оној момент кога личноста ќе почне да размислува за смислата на животот, може да ја сметате за болна

1. Целта на животот е смртта

Човекот што е свесен за ова ќе покаже храброст. Најважно е да ја разберете смртта.

2. Две работи помагаат во одржувањето на здравјето: љубовта кон животот и љубовта кон работата

Тоа што сите ќе умреме не значи дека не треба да живееме најдобро што можеме. Нашата работа може или да ни го разубави или да ни го уништи животот. Многу е важно тоа што го правиме, бидејќи тоа ја гради нашата личност.

3. Нашата сила е во нашата слабост

Непријателите можат да не4 уништат само ако ги притискаат нашите слабости. Ако човек ги прифати своите недостатоци, другите нема да имаат оружје со кое би можеле да го уништат. Ќе станете посилни ако ги прифатите сите ваши слабости и мани.

4. Она што го сметаме за љубов, не е љубов туку либидо. Тоа нема врска со вистинска љубов

Тестирајте ја вашата љубов: замислете си колкава болка би можела да ви нанесе саканата личност. Ако сте подготвени да останете со неа и после тоа, тоа е вистинска љубов.

5. Луѓето се многу поморални одошто мислат и многу понеморални одошто можат и да претпостават

Секој мора да го одбере својот пат во животот. Кој пат и да го одберете, не критикувајте ги другите, бидејќи тоа е најнеморално од се’.

6. Соништата се патот кон несвесното

Фројд прв го сфатил значењето на соништата и почнал да ги користи во терапија. Без оглед на се’, тоа е единствениот начин да дознаеме што не’ мачи.

7. Неврозата е неспособност да се поднесе неизвесноста

Нашата загриженост поради неизвесноста е една од најтешките емоции. Но сите реагираат на тоа на различен начин.

8. Луѓето може да се заштитат од напади, но немоќни се пред комплиментите

Повеќето од нас не можат да поднесат критика, но речиси сите тешко прифаќаме комплименти.

9. За да ја разберете жената, мора да го претворите лавиринтот во права линија

Можеби причината е тоа што мажите се попредвидливи.

10. Секогаш сум барал самодоверба и сила во другите луѓе, но тоа секогаш е само во вас

Колку помалку зависи вашата самодоверба од мислењето на околината, толку посреќни и попродуктивни ќе бидете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.