Настанал ХАОС во ресторанот поради „фаталната“ грешка на келнерката (ВИДЕО)

Вирално видео

Многумина ја тешат дека не е виновна таа, туку тој!

Корисничка на ТикТок неодамна сподели непријатна ситуација од рабоното место, а кога луѓето сфатија за што се работи, почнаа да го споделуваат нејзиното видео.

Имено, во него раскажа како случајно открила прељуба на еден муштерија. Таа објаснила дека долго време била келнерка во ресторанот и секоја среда во исто време на иста маса доаѓала двојка која ја послужувала. Мажот секогаш доаѓал прв, а по 15 минути му се придружувала жената.

Беше јасно дека двајцата имаат афера, нивното однесување ги издаваше. Двајцата носеа бурми и ми кажаа дека се само пријатели, раскажува келнерката во своето видео и додава дека нивните средби во ресторанот се одржувале секоја среда неколку последователни месеци.

Во своето второ видео, келнерката ја продолжува својата приказна и раскажува дека заборавила да ги донесе очилата на работа еден петок, па не гледала најдобро. Истиот човек кој претходно доаѓал со љубовницата, овој пат се појавил со сопругата за која тврди дека многу личи на неговата „пријателка“.

Таа го прашала парот дали ќе го нарачаат вообичаеното од менито, а кога мажот ја игнорирал, таа повторно го поставила истото прашање, па неговата сопруга сфатила дека доаѓал со друга жена. Дошло до расправија поради која на келнерката ѝ било многу непријатно, но корисниците на ТикТок ја тешат коментирајќи дека „не е виновна таа што мажот ги довел двете жени во ист ресторан“.

Погледнете:

@imacayk #fyp #fypシ #storytime #bartender #bartenderstories #bartenderlife #serviceindustry ♬ original sound – imacayk

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.