„Јави ми се, трудна сум!“ Шокантна порака на хаубата на автомобилот, а следи уште подобар дел (ФОТО)

Ова не е единствената интересна порака – се појави уште една за која некои тврдат дека е најдобра!

Паркинг-просторот не е проблем само во главниот град и во поголемите градови кај нас, туку е рамноправен проблем и кај нашите соседи, кои се многу досетливи кога е во прашање одмаздата

Порака која малкумина очекуваа дека ќе стане вирална се појави на автомобил со регистерски таблички на Дрвар.

Фотографијата е објавена на хрватската фејсбук-страница „Сообраќајни несреќи и незгоди“.

Јави ми се, бремена сум – напишала непозната жена сосе бројот на мобилниот телефон и ја залепила пораката на шофершајбната од автомобилот.

Под објавата се нижат интересни коментари:

Паркинг со порака што не ја очекувал“, „Корисникот моментално не е достапен“, „Каде го најде опелов?“, „Бара паркинг или маж“ – се пошегуваа во коментарите членовите на групата.

Ова не е единствен случај на интересни пораки, туку се појави уште една за која членовите на групата тврдат дека е најдобра.

Во Мостар на автомобил осамна уште една порака, а посебно внимание привлекоа парите оставени на хаубата:

Шуго, еве ти 2 марки, па плати паркинг – пишувало во пораката, а до која имало пари за паркирање.

Фото: Facebook

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.