Дали знаете која секојдневна работа е најдобра за вашето ментално здравје?

Неверојатни придобивки

Можеби сакате да одите на масажа, во природа или спа центар за да се опуштите и да се ослободите од стресот, но неодамнешното истражување покажа дека можете да направите некои други работи што исто така ќе ви помогнат, како што се чистење и средување.

1. Чистењето е исто така добра форма на вежбање, се трошат калории и расте хормонот на среќата. Исто така, умот доживува задоволство кога сè е на свое место.

2. Мирисот на вашиот дом има силно влијание врз менталното здравје – доколку е пријатен, ќе се чувствувате опуштено, свежо и полно со енергија.

3. Кога сè е на свое место, се чувствувате порелаксирано, а тоа позитивно влијае на сонот. Многу е полесно да заспиете во чиста просторија отколку во неред.

4. Покрај полесниот сон, концентрацијата е подобра кога сè е во ред, а тоа е особено важно ако моментално работите од дома или учите за испити.

Прочитајте и: Работи што не треба да ги правите ако сакате здрав однос со себе и другите

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.