Чарлс Буковски: „Интелигенцијата предизвикува тага – колку повеќе работи знаеш, толку повеќе посакуваш никогаш да не си ги дознал!“

Зборови на големиот писател

Легендарниот и контроверзен писател и боем, Чарлс Буковски, зад себе оставил феноменални дела и некои безвременски мудрости

Чарлс Буковски се родил како Хајнрих Карл (Хенри Чарлс) Буковски Јуниор во Андернах, Германија на 16 август, 1920 година. Бил еден од најзначајните американски писатели. Ќе остане запаметен по својот експлицитен, директен, понекогаш и вулгарен книжевен израз и по своите приказни за симпатичните губитници од маргините на американското општество.

Негови најпознати романи се „Пошта“, „Фактотум“, „Жени“, „Блудниот син“, „Холивуд“, „Шунд“, „Љубовта е куче од пеколот“, „Приказни за обично лудило“ и многу други. Водел многу бурен живот, а умрел во Сан Педро на 9 март, 1994 година.

Прочитајте некои од најпознатите цитати за луѓето, животот, интелигенцијата, љубовта и омразата од човекот кој обожавал кафе и пишувал непроценливи мудрости и иронии на човечкото постоење. Еден и единствен – Чарлс Буковски!

1. „Колку посилен станува човекот, толку поосамен се чувствува, тоа е чиста математика.“

2. „Постојат полоши работи од самотијата.“

3. „Интелектуалецот кажува едноставна работа на комплициран начин, уметникот кажува комплицирана работа на едноставен начин.“

4. „Ако сакате да направите нешто – одете до крај. Во спротивно, не ни почнувајте.“

5. „Човекот се раѓа како гениј, а умира како идиот.“

6. „Кога љубовта станува заповед, омразата може да стане уживање.“

7. „Гледам стотици луѓе дневно кои целосно се откажале. На сите страни гледам такви што не посакуваат ништо друго освен храна, покрив и облека, фокусирани се само на тоа, без соништа. Тие не чувствуваат ужас поради тоа што не сакаат или што не се сакани.“

8. „Ничие страдање не е поголемо од она што го одредила природата.“

9. „Она што е лошо и она што нѐ учеле дека е лошо можат да бидат сосема различни работи. Општеството нѐ учи дека одредени работи се лоши за да не држи во покорност.“

10. „Ако не се коцкаш, никогаш нема да успееш.“

11. „Просечната девојка попрво би имала убавина отколку памет, бидејќи знае дека просечниот маж подобро гледа одошто размислува.“

12. „Се чини дека човек има само два избора – да живее во ужас или да биде пропаднат случај.“

13. „Некои луѓе никогаш не полудуваат. Сигурно имаат ужасни животи.“

14. „Не ги мразам луѓето, само што подобро се чувствувам кога не се околу мене.“

15. „Слободната душа е реткост, но ќе ја препознаете – најчесто по тоа што ќе се чувствувате добро, многу добро, кога сте близу до неа или со неа“ („Приказни за обичното лудило“)

16. „Ако се случи нешто лошо, пиеш за да заборавиш. Ако се случи нешто добро, пиеш за да прославиш. Ако не се случува ништо, пиеш за да се случи нешто.“ („Жени“)

17. „Кога пиеш, тоа е исто како да се убиваш и потоа повторно оживуваш. Јас така проживеав 10-15 илјади животи.“

18. „На светот постои самотија, толку голема што се гледа во бавните движењна на сказалките на часовникот.“ („Љубовта е куче од пеколот“)

19. „Не верувам во тоа дека е возможно да се направи светот подобро место за живеење. Верувам дека можеме да престанеме да правиме од него полошо место.“

20. „Ако успеете да измамите некого, тоа не значи дека тој е будала. Тоа само значи дека ви верува повеќе одошто заслужувате.“

21. „Интелигенцијата предизвикува тага. Колку повеќе разбираш некои работи, толку повеќе посакуваш никогаш да не се ги разбрал.“

„Никогаш не се расправај со идиот, ќе те повлече на дното и ќе те докрајчи со искуството“: Иронични цитати на Марк Твен
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.