Теа Таировиќ смета дека аферата со апсењето ѝ ја „наместиле“ колегите: Криво им е дека „убивам“ на терен! (ВИДЕО)

Доста самоуверено...

Откако беа објавени фотографии од Теа Таировиќ како е уапсена по настапот во Шведска, се огласи и лично таа и демантираше дека била приведена.

Пејачката мисли дека целата приказна за нејзиното апсење ја измислиле љубоморните колеги, а фотографиите кои се појавија таа вели дека не се убедлив доказ.

„Таа на своите луѓе им кажала дека смета дека целата приказна за нејзиното приведување е измислена. Теа смета дека тоа го смилиле нејзини колеги со своите менаџери, кои оваа вест ја испратила во медиумите, а дека фотографиите не се доволен доказ и дека не покажуваат ништо. Главната причина за местенката, Теа смета дека е поради тоа што „убива“ на терен, а тоа им пречи на некои нејзини колеги. Теа пее скоро секоја вечер, распродадена е до крајот на годината, а од настап заработува помеѓу 12.000 и 15.000 евра. Сите ја бараат, а многу настапи мора и да ги одбие, бидејќи не може се да постигне“ – рекол извор за српските медиуми.

Покрај тоа, изворот додава дека пејачакта била пред локалот и правела пауза кога дошла рацијата и проверувала дали некој работи на црно“ – рекол изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.