Свадба е голема: Денеска се жени познатиот јутјубер Стефан Лазаров, на прославата поканети многу познати фаци! (ФОТО)

Нека им е со среќа на младите!

Денеска на вечна љубов ќе се заколне познатиот јутјубер Стефан Лазаров и неговата избраничка Марта, со кого тој е во љубовна врска неколку години.

Свадбната прослава ќе се одржи во ресторанот „Рагуза“ во скопската населба Ново Лисиче, а на неа ќе присуствуваат преку 300 гости.

Лазаров веќе почна да споделува снимки на Инстаграм од подготовките за овој важен ден, а на забавата вечерва ќе има и многу познати личности од македонската естрада…

За музичкиот дел ќе бидат задолжни момците од „Балкан бенд“, а сигурни сме дека и многумина од поканетите гости – пејачи ќе се фатат за микрофонот и ќе допринесат за одлична атмосфера…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.