Семејството на убиената Хачинс го тужи Болдвин: Објавено видео од убиството! (ВИДЕО)

Адвокатите на семејството на убиената снимателка велат дека покрај Болдвин, виновни се и тие...

Фото: Инстаграм

Семејството на Халина Хачинс, снимателката и директорката на фотографија која на сет ја застрела актерот Алек Болдвин (63), одлучила да го тужи за убиство од небрежност.

Во тужбата е објавено и анимирано видео на кое се прикажува како се случило убиството со наслов „Убивањето на Халина Хачинс на сетот на филмот „Rust“.

– Многу луѓе се виновни, но господинот Болдвин е личноста која го држела оружјето… ако не пукал тој, таа не би умрела – рекол адвокатот на семејството Хачинс, Брајан Паниш на конференцијата за новинари во Лос Анџелес.

Во анимираниот филм е прикажан Болдвин како пука кон Халина, а исто така го ранува и Џоел Сузу.

– Болдвин носи значаен дел од одговорноста, но постојат и други. Тоа е нешто со кое ќе се занимава овој случај – оценување на праведна поделба на одговорноста за оваа бесмислена трагедија.

Погледнете го видеото кое е објавено:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.