Слава, разврат, блуд и постапка што ќе ве згрози: Славниот рокер посвоил тинејџерка, па ѝ направил дете!

Морничаво

Минатото на славниот пејач е мрачно и дегутантно

Нема сомнеж дека фронтменот на бендот Аеросмит, Стивен Тајлер, често се смета за еден од најголемите вокали во историјата на рокенролот. Тој исто така зад себе има мрачна приказна – посвоил девојче кое подоцна забременило од него.

Џулија Холкомб (14) била „групи “ на бендот на Тајлер, а нивниот однос бил вознемирувачки.

https://twitter.com/TheStrongPod/status/1361374803945472003?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1361374803945472003%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F171409%2Fstiven-tajler-zivotna-prica-aerosmit

Терминот „групи“ е сленговски збор што станал популарен во 1960-тите и 1970-тите, кога рокенролот бил најактуелен. Се однесува на обожавателките на одреден бенд, кои ги следат музичарите додека тие се на турнеи и настапи.

Меѓутоа, често оди подалеку од таа дефиниција, бидејќи исто така се користи за опишување млади жени кои стапуваат во сексуални или емоционални врски со рок-ѕвездите.

Во статија што ја напишала во 2011 година, Џулија Холкомб го открила секој детаљ од нејзината врска со фронтменот на Аеросмит, Стивен Тајлер. Сè започнало кога таа имала само 16 години, а Стивен Тајлер имал 25 години. Се запознале зад сцената, на концерт во Портланд во ноември 1973 година.

https://twitter.com/Heimdallmunster/status/1033112419281903616?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1033112419281903616%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F171409%2Fstiven-tajler-zivotna-prica-aerosmit

Нивната врска започнала веднаш, бидејќи Тајлер покажал голем интерес за Џулија и тие отишле во Бостон кратко по концертот.

Стивен Тајлер тогаш ја убедил нејзината мајка да му дозволи да ѝ стане легален старател на Џулија. По една година, Џулија Холкомб забременила и првпат почувствувала дека нешто не е во ред со нивната врска.

https://twitter.com/TheStrongPod/status/1354127279220256768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1354127279220256768%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F171409%2Fstiven-tajler-zivotna-prica-aerosmit

Открила дека се чувствувала изневерено откако Тајлер ѝ кажал дека нема да се ожени со неа, и покрај тоа што чекала негово дете.

„Првпат сфатив дека не требаше да бидам толку глупава за да зачнам вонбрачно дете со маж кој можеби не е заинтересиран за доживотна врска.

Неговото старателство над мене дополнително ги искомплицира работите. Му бев подредена како во родителски однос и чувствував дека имам малку контрола над својот живот“, напишала таа.

Тајлер тогаш почнал да врши притисок на Холкомб, сугерирајќи дека би требало да изврши абортус. Ѝ се заканил дека ќе ја испрати назад кај мајка ѝ, таму да го роди детето, што на крајот ја натерало да прифати да абортира.

При крајот од нивната токсична врска, Стивен Тајлер ја изневерил Џулија Холкомб со друга обожавателка, Бебе Буел, со која ја добил ќерката Лив Тајлер.

Познатата актерка (43) немала поим кој ѝ е татко: „Кога ја видов неговата ќерка, ја здогледав мојата близначка!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.