Сандра Африка тврди дека цената и се зголемила двојно: Бројката е огромна, сите се прашуваат дали ја зборува вистината!

Добар хонорар...

Се појавил ценовникот на Сандра

Пејачката Сандра Африка со години важи за една од најплатените во балканскиот шоу бизнис, иако не се знае дали тоа се само приказни или вистина.

Сепак, како што пишуваат тамошните медиуми, неодамна се појавил ценовникот на Сандра, а сега наместо 7.000 евра, пејачката добива 14.000 евра по настап.

„Јас не одлучувам за мојата цена. Имам менаџери кои прават сè како што треба. Тие одлучуваат како ќе биде и што ќе биде. Точно е дека цената е двојно зголемена, но сето тоа го средуваат. Тој дел од работата е нивен. Тука сум само да пеам“ – тврди Сандра.

„На свадбите нормално е да се земе голем бакшиш. Со мојата песна „Девојка твога друга“ направив голем успех. На луѓето им се допаѓа тој звук. Понекогаш пеам по 20 пати на свадби. Некаде е нормално, а јас за таа песна добив 5.000 евра“ – заклучи таа.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.