Сале Тропико ја прекина тишината по разводот: Никогаш подобро не сум се чуствувал, многу ми е убаво! (ФОТО)
Ужива во слободата...
Веста дека Александар Цветковиќ, познат како Сале Тропико и пејачката Јована Пајиќ се разведоа по 10 години брак, ги изненади многу, а тие двајца нагласија дека се развеле под нормални услови.
Пејачите досега не се појавуваа во јавноста, но Сале реши да го прекине тој молк и да открие како се чуствува по турбулентниот развод во емисијата „Премиера.
View this post on Instagram
– Ми пречи протезета, многу ме нервира, но ќе помине брзо. Никогаш подобро не сум се чуствувал, многу ми е убаво, сите сме тука, се дружиме и супер ни е – рекол Сале накратко.
Инаку, пејачката потврдила дека пукнала тиквата и дека таа и Сале останале во добри односи.
– Вистина е дека јас и Саша донесовме одлука да ставиме крај на нашиот брак. Ќе останеме пријатели, како и сега, посветени сме заеднички да ги воспитаме децата. Разводот е во процес и поради мирно растење на нашите деца, го молиме медиумите да ни дадат неопходна приватност – изјавила пејачката.