Радмила Манојловиќ за 7 песни земала 20.000 евра, а за овој хит земала најголем бакшиш! (ФТО)

Машала...

Пејачката Рада Манојловиќ неодамна била гостинка на една прослава во Тутин ,каде се појавила по желба на младенците, а сватовите цело време ја кителе со евра.

Kога после час време завршила со настапот, од свадбата излегла наводно побогата за 20.000 евра.

– Тоа беше една преубава веселба, но нема да ви откријам колку пари сум заработила. Нека остане тоа тајна. Точно е дека имало доста бакшиш, но многу е поважно дека младенците и сватовите одлично си поминале. Беше лудо и незаборавно – рекла пејачката, а потоа открила нешто повеќе за младенците од Тутин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RADA MANOJLOVIC (@radamanojlovic)

– Домаќините беа прекрасни. Тие живеат во Германија, а веселбата ја правеа во Тутин, бидејќи се по потекло од таму. Тоа била една вистинска бошначка свадба, со доста интересни обичаи. Многу сум благодарна на младенците Алма и Денис Кахровиќ, што баш мене ме избраа да им го направам уште поубав најубавиот ден во нивниот живот. Тие се прекрасни и се гледа дека многу се сакаат.

Рада настапот во Тутин го започнала со песната „Ја немам други дом“ од Лепа Брена, која била избрана за свадбениот танц. После тоа ги пеела своите три хитови, „Свадба“, „Маракана“, „Бисери и свила“.

Како што пишуваат српските медиуми, најголемиот бакшиш Рада го земала на песната „Европа“ од Стоја. Додека го пеела гастарбајтерскиот хит, околу неа летале новчаници од 200 и 500 евра.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.