Поради еден потег, добила голем бакшиш и трогателна порака: Келнерката ја откри целата приказна, се расплака и ја спомена починатата мајка

Се огласи преку својот профил на социјалните мрежи, а нејзиното видео привлече огромно внимание.

Кортни Крафорд (32) ја сака својата работа во Старбакс, а неодамна ја преплавија емоции кога непознат клиент ѝ остави бакшиш од 185 евра и трогателна порака.

Таа работи во бар во Литл Рок (Арканзас), кој ѝ бил омилено место на нејзината покојна мајка Тами, која починала од рак.

Сè се случило во раните утрински часови кога Кортни послужила „откачен клиентка“.

Тоа утро бев весела, а жената влезе и се чинеше како нешто да ја мачи. Затоа решив да ја насмеам – раскажа Кортни на TikTok.

Недолго по пиењето на кафето, муштериката му пришла на менаџерот на барот и му дала порака за келнерката, пренесува Daily Mail.

На хартијата пишувало следново:

Многу патувам поради работата, рано заминувам и доцна се враќам. Јас сум тука два дена и ти си единствената личност што ја запознав и која е искрено љубезна. Навистина ми го разубави денот – пишувало.

Непознатата жена ѝ оставила голем бакшиш со белешката, со оглед на тоа што зела само кафе. Таа ѝ рекла на келнерката „да се почести со нешто убаво, затоа што го заслужува тоа“.

Кортни била изненадена кога ги видела парите. По завршувањето на смената, таа објави видео на TikTok, во кое ѝ се обраќа на дарежливата клиентка.

Ти благодарам што ми го смени животот и направи нешто што никогаш нема да го заборавам. Работам со скратено работно време во Старбакс, покрај мојата работа со полно работно време, бидејќи морам да плаќам сметки и долгови што ги наследив. Парите што ми ги дадовте ќе ги потрошам за да купам урна за да ги донесам посмртните останки на мајка ми дома – објаснила таа.

Кортни додала дека сакала да го направи тоа пред Денот на мајката, 12 мај, но дека немала средства да заврши се’ навреме.

Овие пари ми дозволуваат да го поминам празникот со мајка ми и затоа те ценам неизмерно. Значи, ако си на TikTok, сакам да ти се заблагодарам од се’ срце – вели таа низ солзи.

Нејзиното видео привлече 3,6 милиони прегледи и предизвика лавина коментари на поддршка и благодарност за дарежливоста на непознатата жена.

@dopaqueen715 Tik tok! Help me get this message to her! #mysterykindness #goodsamaritan ♬ original sound – Shnortney

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе