Потресна објава на Јелена Карлеуша по смртта на сопругот на Бекута: Ана, имаше тоа што мене секогаш ми недостигаше! (ФОТО)

Карлеуша е многу блиска со пејачката Ана Бекута...

Српската пејачка Јелена Карлеуша објави подолга порака на својот профил на Инстаграм, посветена на Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ, кој беше погребан вчера во Алејата на заслужни граѓани во Нов Белград.

– Во овој живот полн со борба, лоши луѓе и намери, малкумина се оние кои направија да на се почуствувам сама. На прстите од една рака можам да ги избројам моите пријатели. Можеби сум крива за тоа, бидејќи како велат, дека сум чудна. Но, кој не би бил на моето место, со време ќе подигне таков ѕид – започнала Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @karleusa_diva1

– Тој ѕид со леснотија го прескона Ана Бекута. Жената со која многу се врзав, бидејќи беше и во добро и во зло како вистински пријател. Чисто срце, од ништо предизвикано. Во нејзиниот глас, паметните зборови, поддршката, често ја слушав мојата Дивна. Благодарна сум што постои и и тажна, бидејќи сега и е тешко – продолжила Карлеуша.

– Ме запозна со Мркоњиќ, беа среќни, заљубени, до последен ден како тинејџери, постојано се држеа за рака, ме се јавуваа на телефон заедно да коментираме и да се смееме… Тој секаде одеше со неа, ја поддржуваше во се, ја штитеше и ја гледаше со гордост. Им се восхитував гледајќи ги, бидејќи во мојот живот секогаш тоа недостига. Беше горд на неа, а и таа на него!

– И за тоа во овие тешки моменти, зборови за утеха може да бидат дека е голема работа да се доживее таква љубов, пријател и сопатник. Некои ќе поминат скоро цел век, а ја немаат таа среќа. П.С. Знам дека сега Мрка нешто смешно би искоментирал и би ја насмеал Ана од срце, онака како што таа секогаш се смееше покрај него.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.