Еве како да го контролирате апетитот за време на празниците!

Чувствувајте се сити со помалку храна

Ако сте од оние кои лесно се дебелеат, а многу тешко ги намалуваат килограмите, празниците веројатно ви се најголем предизвик.

Лесното дебелеење може да го ставите под контрола, со помош на неколку трикови, кои ќе направат да се почувствувате сити со помалку храна:

– Пред оброците испијте чаша вода. Доколку водата е газирана – ефектот е подобар.

– За време на оброците, пијте помалку течности, бидејќи течностите го зголемуваат апетитот.

– Заменете ги големите чинии со мали.

– Сервирајте порции и тргнете го остатокот од храната од маса. Не си дополнувајте репете.

– Гледајте барем половина од чинијата да ви биде полна со зеленчук, а остатокот со месо и разни додатоци и прилози.

– Додадете цимет во десертите.

– Појадувајте јајца за појадок, за да се чувствувате сити и да имате помала желба за грицки во текот на денот.

– Изедете 1 чинија супа пред оброкот.

– Грицкајте пуканки, наместо неколку различни видови грицки.

– За прилог секогаш бирајте варен компир, наместо пржен.

– За ужинка излупете едно јаболко. Може да додадете и неколку коцки црно чоколадо.

– Луѓето кои во текот на денот пијат полномасно млеко имаат помала желба за нездрава храна.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.