Вознемирувачка вистина за јавните тоалети во Стар Рим: Историјата не памети нешто поодвратно!

Грозно!

Никој не може да поверува дека вака се одело во тоалет во Рим, во лулката на цивилизацијата

Рим, како лулка на цивилизацијата, и денес нè воодушевува со начинот на кој оставил печат во историјата. Но не можете ни да си замислите што правеле тие „модерни и цивилизирани“ луѓе кога морале да одат во тоалет!

Заеднички тоалети

Многу откриени тоалети во Помпеја биле заеднички. Тоа биле простории со мурали на ѕидовите, со скулптури и мермерни плочи, во кои биле направени дупки.

Седењето во тоалет во преполна отворена просторија било вообичаено во стар Рим. Тоа значи дека кога им се одело во тоалет по голема нужда, Римјаните оделе во една заедничка просторија, каде што седнувале на некоја од слободните „дупки“, направени во сјајниот мермер.

Овие седишта биле поставени над канал низ кој течела вода.

Римјаните тогаш немале тоалетна хартија, ниту користеле вода, туку сунѓер кој бил прицврстен за столб. Прво го мокреле тој сунѓер во каналот со вода, па потоа го користеле за миење. Во некои случаи, овој сунѓер го чувале во кофа со мешавина од солена вода и оцет.

Да, тој сунѓер бил заеднички „чистач на задници“!

Носењето тоги или туники им овозможувало на мажите во стар Рим да одат во тоалет без притоа да ги откријат интимните делови. Но со оглед на тоа што овие тоалети речиси и да немале прозорци, видливоста била уште понамалена.

Оние поскромните луѓе, кои немале пристап до ваквиот тоалет, урината и другите фекалии ги собирале во посебен лонец, а содржината подоцна ја истурале на улица.

Верувале или не, старите Римјани ја собирале урината, па потоа во неа ја переле својата облека. Урината ја испраќале во транспортни објекти, специјализирани за перење облека, а луѓето што работеле таму, боси газеле по туѓата урина во која ја переле облеката.

Овој метод на перење облека бил употребуван со векови на територијата на стар Рим!

Биле опседнати со анален секс: Не постои поконтроверзен народ од овој – сè што правеле било БИЗАРНО!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.