Тажна исповед на Огнен Амиџиќ: „Имав 16 години кога ѝ кажав на мајка ми дека тато е мртов“

Не му било лесно

Водителот Огнен Амиџиќ во една прилика се потсети на ноќта кога дозна за губењето на татка си.

Таткото на водителот Огнен Амиџиќ, Зоран е убиен во 1991 година во Бања во Хрватска, додека извршувал новинарска задача со колегите, а денес со заокружува 31 година од неговата смрт. Известувањето од војната во Бања беше негова професионална задача, а веста која на 9 октомври 1991 година пристигнала оттаму ги потресла Шабац и јавноста.

Од заседа, со 200 куршуми испукани во автомобилот во кој се наоѓале, загинале Зоран Амиџиќ, уредник на кореспонденција, Бора Петровиќ снимател, Дејан Милиќевиќ помошник-снимател и Сретан Илиќ уредник на Радио Шабац.

Водителот Огнен Амиџиќ во една пригода се потсети на ноќта кога дознал за смртта на татка си.

Во еден по полноќ, полицајците тропнаа на нашата врата. Добиле задача од надредените да ни ги соопштат лошите вести. Ми ги пренесоа токму мене. Имав само 16 години и морав да им кажам на мајка ми и на сестра ми дека тато е убиен, рече Огнен и додаде:

Ми недостига татко ми и знам дека мојот живот ќе беше сосема поинаков ако не се случеше тоа. Бев тинејџер кога загина. Голем товар падна на моите рамења, се трудев да ѝ помогнам на мајка ми колку што можев. Максимално се жртвуваше за мене и сестра ми и за тоа ќе ѝ бидам вечно благодарен, искрено изјави водителот.

Од тој ден поминаа 31 година, а убиството никогаш не е расветлено.

Го сонувам татко ми и денес, иако поминаа толку многу години. Тоа злосторство не е решено и понатаму лебди во воздухот. Имаше некакви траги и докази во истрагата, да речеме, белешки од мојот татко, кои во моментот на пукањето ги имал во торбата, кои очигледно некако дошле до хрватските новинари. Тоа беше најопиплив доказ кој можеше да се следи тогаш, но оттогаш  ништо повеќе. Мислам дека е невозможно да се открие по толку години кој е сторителот, но јасно е како бел ден дека ако тоа го направиле хрватските воени сили, тука нема многу филозифии, заврши Амиџиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.