На Кање Вест му е доживотно забрането да се вози на познатиот брод во Венеција: Ова е причината! (ФОТО)

Проблем...

На раперот Кање Вест (46) и неговата сопруга жена Бјанка Цензори (28) доживотно им е забрането возење на бродот со кој неодамна се возеа низ Венеција, а на кој во еден момент го покажал задникот.

Бродот им го изнајмила компанијата „Venezia Turisimo Motoscafi“ од која соопштиле дека парот повеќе не е добродојден на ниту еден од нивните бродови.

Како што навеле, тие не знаеле за „инцидентот“, се додека не ги виделе фотографиите кои се рашириле на социјалните мрежи и медиуми.

„Возачот морал да внимава на сообраќајот и не го видел тоа. Да ги видел веднаш би ги исфрлел од бродот и би ги пријавил на надлежните“ – рекле од компанијата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.