„Мојата Мина е 100% природна, нема ниту грам филер и пластика“: Огнен Амиџиќ прозборел за новата девојка! (ФОТО)

Вие што мислите?

Српскиот водител Огнен Амиџиќ веќе неколку дена ужива во врската со 17 години помладата Мина Наумови, која работи во неговата емисија „Амиџи шоу“.

Иако се трудеа да ја сокријат врската од јавноста, пред два месеци тие потврдија дека се заедно, но водителот не сакаше да зборува премногу за тоа.

„Да, точно е. Во врска сме, но нашиот договор е приватноста да ја зачуваме за нас и за тоа да не зборуваме“ – рекол тогаш Огнен.

Тој во меѓувреме објавуваше заеднички фотографии со Мина, но никогаш не ја коментираше нивната врска.

Сепак, сега одлучи да открие што го привлекло кај неговата колешка.

Имено, Мина на Инстаграм објавила селфи, а кога почнале коментарите дека е „пластична“, се огласи Огнен и кажа дека неговата девојка е природна.

„И би додал, верувале или не, 100% природна. Ни 1% гмо, филери и пластика. Бидејќи читам се и сешто, а не сакам неправда“ – напишал Огнен под нејзина фотографија.

Некои од следбениците го прашале дали е можно Мина да не ја правела устата, а тој на тоа одговорил:

„Реков се. Со тоа и устата. 100%“ – рекол водителот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.