Стана доста непријатно: Селма Бајрами се скара со Огњен Амиџиќ среде емисија, водителот ѝ ја затвори устата! (ВИДЕО)

Упс...

Пејачката Селма Бајрами беше гостинка во емисијата кај Огнен Амиџиќ, заедно со Маја Николиќ и Ера Ојданиќ, а во еден момент станало доста непријатно.

Имено, Огнен го прашал Ера со колку жени спиел за време на кариерата. Ера одговорил дека биле околу 1000, 12000, а ова и пречеше на Селма.

„Многу важна информација со колку спиел“ – рекла таа.

„Сега не е океј, а кога ќе го прашаат Хулио Иглесиас со колку жени спиел, тогаш ништо“ –рекол Огнен.

„Ова не е првпат да ми е непријатно во емисија. Ова го гледаат и моите родители, ајде малку почит. Ова не е таква емисија“ – одговорила Селма.

„Селма, ова се мои прашања, јас тебе не ти се мешам во текстовите на песните, така? Кога нешто не ти одговара имаш право да кажеш, но имаш и право да не учествуваш“ – одговорил Огнен.

Погледнете ја нивната расправа:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.