Младата пејачка Марија Спасовска по „Макфест“ веднаш ги засука ракавите: Новата песна доаѓа за неколку недели (ВИДЕО)

Таа го откри и насловот на новата нумера...

Младата и талентирана пејачка Марија Спасовска, која годинава за првпат дебитираше на сцената на „Макфест“ со нејзината „Омилен“, на социјалните мрежи сподели дека веќе и е готова новата песна…

Таа носи наслов „Венера“, а исто како и на претходната, така и на оваа лично таа се потпишува како автор на текстот и музиката, а овојпат аранжманот е дело на познатиот Ивајо…

„Мислам дека е време да ви го откријам насловот на мојата наредна песна, која што се вика „Венера“, А зошто баш „Венера? Тоа е планета на љубовта, планетата на сјајот, планетата како ѕвезда. Дали има љубов на планетата „Венера“, ќе дознаете наскоро во текстот. Не ви го откривам одма, ама ајде може ќе ви запеам пред да искочи. „Венера“ е снимена, снимени се и некои други песни. Излегува наскоро, до крајот на годината“ – кажа Марија во видеото кое го објави на Инстаграм.

 

Инаку таа на „Макфест“ ги собра симпатиите на жирикомисијата, но и на публиката пред малите екрани и дефинитивно според многумина, таа е една од најпријатните освежувања кои се случија на овогодинешниот фестивал…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.