Албанската пејачка направила модна катастрофа во Лос Анџелес: Сè пука на неа, но нејзе не ѝ е гајле

Одмазднички фустан

Бебе Реџа кренала голема прашина, не престанува да се зборува за нејзиниот стајлинг

Синоќа во Лос Анџелес беше одржано доделувањето Американски музички награди, а на црвениот тепих се појавиле бројни познати личности во необични стајлинзи, многумина од нив биле многу креативни. Меѓутоа, целата вечер поминала во знакот на Тејлор Свифт – повеќекратна победничка на оваа церемонија.

На американската кантавторка, со тоа што стана уметница на годината, ѝ успеа да ги надмине и Бијонсе и Хари Стајлс, главните фаворити. Тоа не е големо изненадување, бидејќи оваа пејачка секогаш прави вистинска револуција кога и да објави нови песни, а токму нејзината нова верзија на музичкиот албум Red од 2012 година беше прогласена за најдобра годинава. Исто така, наградена е и како најдобар кантри изведувач, како и за најдобар видеоспот за песната All Too Well.

И Бијонсе добила награда, но во категоријата за аренби изведувачи, а и Хари Стајлс добил повеќе признанија.

По овој настан многу се зборува и за членовите на италијанскиот бенд Манескин, кои добиле награда за најдобра рок-песна за Beggin, а на доделувањето се појавиле во халтери.

Ексцентричен стајлинг покажал и најдобриот рок-изведувач Машин Ган Кели, кој оставил најсилен впечаток на доделувањето. Сите се прашуваат како воопшто можел да оди и да седи во овој костим.

Одличен стил покажала и најдобрата во категоријата нови ѕвезди, Дав Камерон.

Од друга страна, пејачката со албанско потекло Бебе Реџа, која се преселила во Америка на само 6 години, направила уште еден моден кикс. Имено, може да се чујат коментари дека ваквиот стајлинг воопшто не ѝ прилегал, бидејќи е ниска.

Бебе во една пригода има истакнато дека никој од дизајнерите не сакал да соработува со неа кога била номинирана за награда Греми, бидејќи, како што нагласила, имала покрупна градба.

„Конечно сум номинирана за Греми, што е најкул работата што може да му се случи на еден музичар. Голем број изведувачи ќе им се јават на дизајнерите да соработуваат со нив за да прошетаат во уникатни фустани на црвениот килим. Јас и мојот тим контактиравме многу од нив, но ме одбија бидејќи сум ‘крупна’“, била искрена Бебе, на која ѝ требало многу време за да ги прифати своите облини.

Реџа носи конфекциски број 38, што не е единствен случај, бидејќи многу познати жени носат и поголеми броеви од овој.

„Пораката што ми ја испратија дизајнерите е дека сите жени што носат 38 не се убави и не можат да носат елегантни фустани. Мака ми е кога луѓето велат дека сум крупна и дека не можам да облечам нешто. Одете по ѓаволите, не ги сакам вашите проклети фустани“, гневно изјавила пејачката тогаш.

Секако, на годинешното доделување Американски музички награди имало многу други оригинални стајлинзи, а дел од најинтересните, погледнете ги во галеријата подолу:

Кога имаш многу пари, но не и чувство за мода, тоа изгледа вака: Сите зачудено гледале во пејачката!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.