Младата инфлуенсерка починала од изгладнување: 10 години јадела сурова веганска храна! (ФОТО)

Не сакала да се лекува...

39-годишната веганка и инфлуенсерка по име Жана Самсонова починала наводно од глад, откако минатата година се хранела исклучиво со сурова веганска храна.

Како што пишува „Њујорк пост“, руската државјанка на своите објави на социјалните мрежи често ја промовирала суровата храна.

Таа користела поптолно сурова веганска храна најмалку една деценија, се наведува на нејзиниот профил на Инстаграм.

Пред неколку месеци во Шри Ланка веќе изгледала исцрпено, со отечени нозе од кои течела лимфа – рекол еден нејзин пријател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CLIPS (@clips)

Ја испратија дома да оди на лекување. Меѓутоа, повторно избегала. Кога ја видов на Пукет, без згрозен. Живеев еден кат над неа и секој ден се плашев дека едно утро ќе го пронајдам нејзиното безживотно тело. Ја убедував да побара лекување, но не успеав во тоа – рекол пријателот на инфлуенсерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.