Мартин од „Некст Тајм“ и неговата избраничка, ракометарката Андреа се подготвуваат за свадба: Ќе има над 300 гости!

Свадба е голема...

Мартин Филиповски од дуото „Некст Тајм“ полека, но сигурно почна да се подготвува за неговата свадба.

Имено, тој и неговата избраничка Андреа Белевска летово ќе го кажат судбносното да и нивниот план е тој повод да направат голема свадбена веселба.

Како што успеавме да дознаеме, Мартин и Андреа веќе го избрале денот за свадба, а локацијата ќе биде приватна вила во периферијата на Скопје.


На свадбата ќе бидат поканети нивните најблиски роднини, пријатели, колеги, соработници, а младенците планираат вкучно да поканат околку 300 гости.

Инаку Мартин и неговиот брат Стефан, за неколку дена заедно со нивниот добар пријател и колега, Лозано заминуваат на зеадничка турнеја во Австралија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.