Мартин од „Некст Тајм“ го истетовира брат му Стефан на рака! (ФОТО)

Оргинална идеја, мора да се признае...

Фото: Приватна архива

Познатиот музичар од дуото „Некст Тајм“, Мартин го истетовира својот брат-близнак Стефан на својата лева рака.

Автор на тетоважата е познатиот тату-мајстор Горан Миќиќ, кој важи за еден од најдобрите мајстори на овој занает тука, но и пошироко.

Фото: Приватна архива

– Оваа идеја долго време ми се вртеше низ глава и ете, дојдое моментот да ја ставам. Мислам дека е оргинална идејата, а Стефан не се бунеше воопшто кога му кажав дека сакам да го истетовирам – низ смеа ни изјави Мартин.

Сега останува дали Стефан ќе возврати со иста мера, односно дали и тој ќе го истетовира брат му Мартин.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.