Ова италијанско традиционално јадење на лажица е деликатес без конкуренција: Сите мора да пробате јота!

Традиционален деликатес

Јота е чорбесто јадење од грав и кисела зелка, кое од дамнешни времиња се приготвува во сите италијански региони и се смета за специјалитет

Дали некогаш сте чуле за јота, традиционално италијанско јадење што ги спојува двете омилени зимски намирници, гравот и киселата зелка? Ние ви предлагаме рецепт за оваа зимска чорба.

Иако кај нас навикнати сме гравот да го јадеме самостојно, во комбинација со суво месо и колбаси, Италијанците го комбинираат со тестенини, па и со кисела зелка. Спојот со кисела зелка традиционално се вика јота, а од искуство можеме да кажеме дека е феноменален.

Состојки:
  • 500 г сув грав, што бил потопен во вода прекуноќ
  • 250 г компир, исечкан на коцки
  • лавров лист
  • сол, бибер

За киселата зелка:

  • 500 г рендана кисела зелка
  • 1/2 главица кромид, исечкан
  • 250 г сланина исечкана на коцки
  • бибер, масло

За запршката:

  • масло или лажица свинска маст
  • чешне лук
  • 2 лажици брашно
Приготвување:

Оставете го гравот да стои потопен во вода преку ноќ, утредента измијте го и ставете го во поголем сад, прелејте го со вода и гответе го додека омекне, заедно со лавров лист околу еден час. По половина час варење, во гравот додајте компир исечкан на коцки да се вари заедно со гравот.

Кога гравот и компирот ќе се сварат, пригответе ја киселата зелка. Исцедете ја киселата зелка и измијте ја ако е премногу солена. На малку масло, динстајте сланина исечкана на коцки додека почне да пушта маснотии. Во сланината додајте црвен кромид, па сето тоа динстајте го заедно додека омекне кромидот. Кога ќе омекне кромидот, додајте ја зелката што добро сте ја исцедиле од вишокот вода. Сето тоа промешајте го, па сипете вода колку да ја покрие зелката и оставете ја да крчка додека испари сета течност, околу еден час.

Потоа, измешајте ги гравот и киселата зелка, па оставете ги да крчкаат околу половина час до 40 минути, за да се спојат сите вкусови. Внимавајте само да додавате доволно течност и повремено да промешувате.

Петнаесет минути пред крајот на готвењето, од лукот, маслото и брашното направете класична запршка, а ако сакате, можете да додадете и мелена црвена пиперка.

Како и обичниот грав, што повеќе ја подгревате толку повкусна ќе биде јотата.

Напомена: Во јотата по желба можете да додадете суви ребра, колбаси, коленица…

А што за ручек? Чорба со колбавчиња, кељ и јачмен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.