Лепа Брена покажа како си поминува во Шпанија: Од глетката застанува здивот, а Пријовиќ веднаш и напиша коментар! (ФОТО)

Вака се живее..

Една од најголемите балкански ѕвезди, Лепа Брена за викендот пееше на геј-венчавка на еден Србин и Хрват и тоа во Палма де Мајорка, каде направила атмосфера за паметење.

Професионалното го поврзала со приватното, па наредните денови ги поминала во Шпанија со своите пријатели и соработници, од каде споделила прекрасни моменти.

Брена уживала со шампанско и јагоди, а потоа испозирала за Инстаграм, видно дотерана во бела комбинација, со чаша во рака, додека позади неа се простира поглед на море.

Нејзината снаа Александра Пријовиќ помеѓу првите ја „лајкувала“ објавата и оставила коментар – „емоџи срце“.

Да потсетиме, Брена и Пријовиќ неодамна заедно настапија на спектакуларниот концерт на младата пеајчка во Белград.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.