Констракта ќе се воодушеви: Слушнете како нашата Марија Спасовска ја изведува „In Corpore Sano“ (ВИДЕО)

Феноменална!

Сигурни сме дека српската евровизиска претставничка Констракта ќе остане воодушевена кога ќе слушне како нашата млада пејачка Марија Спасовска ја изведува нејзината песна „In Corpore Sano”, со која ќе ја претставува својата земја во мај во Торино, Италија.

Нашата Марија на својот профил на Инстаграм објави интересно видео на кое ја пее српската евровизиска песна, а според тоа како звучи, дефинитивно Констракта ќе биде и повеќе од задоволна.

Погледнете:


Инаку да потсетиме. Марија Спасовска во 2018 година ја претставуваше нашата земја на детската евровизија. Многумина познавачи на музиката на Марија и предвидуваат блескава кариера со оглед на нејзините гласовни способности…

Нејзината последна песна е објавена пред точно една година и носи наслов „Број еден“…

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.