Жизел Бундшен блесна во „злато“ еден месец по разводот: Манекенката ја воодушеви публиката

Шоубизнис

Манекенката Жизел Бундшен немаше убав крај оваа година. Таа стави точка на бракот после 13 години и се разведе од Том Брејдиј.

Убавата Жизел се појави на едно случување во Бразил и ги засени присутните. Таа сјаеше во „злато“ од глава до пети, носејќи фустан до подот. На фустанот со боја на злато додаде сандали и ташна од иста боја. Косата ја собрала во висок конски реп за да може целосниот акцент да биде на фустанот кој пленеше со екстраваганција.

Ова излегувања во јавноста доаѓа веќе шест недели откако Жизел се разведе од Том Брејдиј, после што неколку пати се обиде да го задржи бракот.

Набрзо после разводот сподели една изјава на Инстаграм, откривајќи дека таа и Том се разведени.

„Со голема благодарност што поминавме заедно, Том и јас мирно се согласивме на развод. Мојот приоритет секогаш беше и ќе бидат нашите деца кои ги сакам со сето срце. Продолжуваме со заедничкото родителство за да им ја пружиме љубовта, грижата и вниманието кое многу го заслужуваат.. Се чувствувам благословено поради времето кое го поминавме заедно и го сакам само најдоброто за Том, секогаш“, рече таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.