Жена вдомила горила, не очекувајќи дека ќе се случи голема трагедија: Го чувала како син, а потоа настанала агонија!

Трагедија

Епилогот ќе ве расплаче, со оглед на тоа што приказната има трагичен крај

И покрај тоа што понекогаш можат да бидат агресивни, животните никогаш не ја забораваат љубовта што ја добиле од човекот, а приказната за горилата што пораснала во едно село ќе ве разнежни.

Имено, селото Ули во 1918 година посвоило горила, а Џон Даниел, како што го нарекле, не бил обична горила. Имал своја спална соба, пиел чај и сок од јаболка, а наводно, можел и сам да си ја пере облеката.

Извонредната приказна за селото што посвоило горила, пред еден век ја раскажал историчар од Глостершир во книга за локална историја.

Книгата зборува за тоа како селаните во Ули посвоиле горила откако ја фатиле француски војници во Габон, кои ги убиле нејзините родители. Во 1917 година бил ставен на продажба во лондонска стоковна куќа, каде што го забележал жителот на Ули, Мај Руперт Пени, кој платил 300 фунти (околу 20.000 фунти во денешни пари) за него и го нарекол Џон Даниел. Сестра му ја чувала горилата како човечко суштество, сметајќи ја за момче. Џон Даниел бил омилениот жител во селото, а неретко одел и на прошетки со децата од основното училиште во Ули.

„До неодамна имаше луѓе кои се сеќаваа на него како шеташе со децата низ селото. Одеше во градините и јадеше рози. Децата го туркаа во колички. Знаеше во која куќа имаше добар сок од јаболко, па често одеше таму за да испие една кригла сок“, рекол еден сведок и додал:

„Исто така, го фасцинираше селскиот чевлар и го гледаше како поправа обувки. Имаше своја спална соба, можеше да користи прекинувач за светло и тоалет, сам си го местеше креветот и помагаше во перењето алишта.“

Џон Даниел не бил ограничен исклучиво на селската средина, а неретко одел и во Лондон, каде што неговата сопственичка имала дом. Функционирал на истиот принцип како и луѓето, а неговата сопственичка го гледала како најблизок член на семејството.

Умеел да ги извршува сите дневни активности, а и покрај тоа што не знаел да зборува, сите го разбирале.

Трагична судбина

Откако Џон Даниел ја достигнал својата целосна големина, госпоѓата Канингем повеќе не можела да се грижи за него, па одлучила да го продаде. Набрзо нашла купец.

Госпоѓата Канингем верувала дека горилата ќе биде вдомена и дека ќе живее исто како и кај неа, но завршила во циркусот Барнум и Бејли, а бил изложен и во зоолошката градина во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, каде што здравјето му се влошило и се верувало дека тагува по поранешната „мајка“.

Зоолошката градина ја известила првобитната сопственичка за неговата здравствена состојба, но пред таа да стигне кај него, починал од воспаление на белите дробови.

Погледнете го целиот документарец за оваа неверојатна горила…

Поради неа сите жени престанале да носат црни сатенски фустани: Приказна за убиство што го кренала Лондон на нозе
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.