Во продажба е специјалното издание на британскиот The Economist: The World in 2022 на македонски јазик!

Предвидувањата на „Економист: Светот во 2022-та“ се дека во 2022 ќе доминира потребата да ѝ се приспособиме на новата реалност, како во областите преобликувани од пандемијата, така и во подлабоките трендови што повторно се наметнуваат (подемот на Кина, забрзувањето на климатските промени).

Промоцијата на годишникот „Светот во 2022-та“, се одржа на 15 декември (среда) во резиденцијата на амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј.

Станува збор за годишното издание на престижниот британски неделник „Економист“, кој воедно е и четвртиот најпрестижен медиумски бренд во светот.

„Светот во 2022-та“ е четврто издание на годишникот на македонски јазик, под ексклузивна лиценца на компанијата „Колор медиа плус“, во чие портфолиото се и други познати и тиражни магазини кај нас и во регионот, како што е лиценцираниот женски магазин „Убавина и здравје“, специјализираното списание за унапредување на здравето „Руски доктор“ и гастрономскиот магазин „Добра храна“.

Луксузно „спакувано“  и испечатено на 180 страници, креирано со многу љубов и посветеност на целиот тим, со врвен дизајн и квалитетни содржини, всушност, онакви какви што читателската публика навикна да консумира изминативе четири години, е и годинешното издание на „Светот во 2022-та“.

Станува збор за своевиден водич за претстојната година, за погледот кон иднината на еминентни и реномирани новинари, аналитичари, државници, политичари, а во рамките на македонската секција, можете да ги прочитате интервјуата на градоначалниците, амбасадорите, бизнисмените…

Ако 2021 беше година во која светот ја заврти борбата против пандемијата, во 2022 ќе доминира потребата да ѝ се приспособи на новата реалност, како во областите преобликувани од пандемијата (новиот свет на работа, иднината на патувањата), така и во подлабоките трендови што повторно се
наметнуваат (подемот на Кина, забрзувањето на климатските промени).

Покрај тоа, може да се прочитаат и интервјуа со македонски еминентни личности од различни области.

Н.Е. Рејчел Галовеј

Промоцијата, која полека преминува во традиција, и годинава се одржа во резиденцијата на Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство во нашата држава.

Еминетни личности од политичките, економските и бизнис-кругови беа дел од гостите во резиденцијата, на кои топло добредојде им посакаа амабасадорката и претставниците на издавачот, компанијата „Колор медиа плус“.

Во пријатна атмосфера, дегустирајќи ги британските специјалитети, гостите можеa да го разгледат магазинот следните денови можете да го побарате на поголемите продажни места по цена од 180 денари.

Погледнете кој се’ присуствуваше на промоцијата на македонското издание на The Economist: The World in 2022.

Текст: Љупка Ѓошева

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.