Внимавајте на банкомат и вие да не згрешите: Владимир уплати 10.000 евра за хипотека и тогаш сè тргна наопаку
Полицијата брзо реагирала...
Среќа во несреќа!
Неверојатна приказна го обиколи светот, а по сè се чини ќе биде лекција за многумина. Овој пат се работи за ситуација која се случила во Москва, но вакви искуства можат да му се случат буквално на секого, зарем не?
Владимир (53) сакал да уплати сума од 10.000 евра на банкомат „Алфа банка“ во трговски центар во Москава со цел да ја плати хипотеката. Но бидејќи се работело за голема количина на пари настанал вистински хаос, односно Владимир целосно се збунил.
Целиот настан се одиграл на 11 ноември, а проблемот бил во тоа што Владимир морал да ги подели банкнотите на делови како би ги внел во банкоматот.
Првата уплата поминала во најдобар ред, но откако го земал другиот дел и го ставил на банкоматот се појавила грешка. Банкоматот покажал дека не се уплатени останатите пари. Тогаш Владимир се шокирал и побарал помош од банката, но и пријавил во полиција. Едноставно не можел да сфати што се случило.
Од банката само констатирале дека парите не влегле во банкоматот. Но полицијата откако ги вратила камерите сфатила дека кога Владимир ја оставил втората половина на банкоматот и се наведнал да го закопча ранецот крадец ги земал парите. Брзо реагирал, бидејќи бил веднаш до банкоматот, а Владимир сето тоа не го забележал.
Никој не може да разбере како Владимир се одлучил за ваков чекор, односно не внимавал на толку многу пари.
Коментарите се заклучени.