Вака се храни најмоќната жена во модната индустрија: Секој ден го јаде истото, а еве која храна не ја поднесува!

Дознајте повеќе

Откриено е што руча Ана Винтур и светот е во шок!

Можеби никогаш не сте се запрашале што руча Ана Винтур, најмоќната жената во светот на модата. Уредничката на „Вог“ има 72 години и изгледа витално и свежо, па многумина би ѝ дале помалку години. Во нејзината нова биографија откриено е што јаде за ручек и светот е изненаден!

Ана Винтур (72), како што пишува во нејзината биографија, секој ден го јадела истото за ручек во канцеларија. Станува збор за шницла од њујоршкиот ресторан The Palm со салата капрезе без домати.

Да, иако салатата капрезе инаку е од домати и моцарела, Винтур изгледа не сака домати, па секогаш барала да не ѝ бидат послужувани со ручекот. А како што откриле нејзините соработници, секојдневно го плаќала овој ручек 77 долари, односно околу 73 евра, бидејќи станува збор за елитен ресторан во Њујорк.

Многумина се изненадени, бидејќи сметаат дека ја уништила салатата капрезе, која е омилениот едноставен италијански оброк, со тоа што ја отстранила нејзината најважна состојка.

Мајка ѝ ја викаат „моден ѓавол“: Никој не би помислил дека токму таа е ќерката на Ана Винтур!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.