Мајка ѝ ја викаат „моден ѓавол“: Никој не би помислил дека токму таа е ќерката на Ана Винтур!

Дали важи изреката „каква мајка, таква ќерка“?

Како живее Би Шафер (34) денес и каде е?

Таа е жена што диктира трендови иако најчесто не сме ни свесни за тоа.

Уредничката на американското издание на најголемиот моден магазин „Вог“, Ана Винтур (72), многумина ја запознаа од легендарниот филм „Ѓаволот носи Прада“, каде што ја глумеше легендарната актерка Мерил Стрип.

Ана важи за една од најмоќните жени на светот, многумина велат дека таа како шефица е исклучително строга и напорна, но едноставно не можеме да си замислиме никој друг на нејзиното место.

Главниот настан што го организира секоја година е гламурозната Мет Гала првиот понеделник во мај. Тогаш ги поканува само најголемите светски имиња што доаѓаат облечени во согласност со модната тема, па за нивните комбинации се пишува со денови по настанот, но никогаш не се спомнува ќерката на Ана во нејзината приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bee Carrozzini (@beecarrozzini)

34-годишната Би Шафер (сега Карозини) за разлика од мајка ѝ, не сака да биде дел од јавниот свет, а и ретко можеме да ги видиме заедно. Одбегнува медиумски настани и не ја интересира популарноста. Од 2018 година е во брак со италијанскиот режисер Франческо Карозини, а пред две недели го родила и првото дете, момчето Оливер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bee Carrozzini (@beecarrozzini)

Карозини е познат и како поранешен дечко на пејачката Лана Дел Реј.

Би очигледно го наследила добриот стил од мајка ѝ, која често ја објавува и на својот инстаграм-профил. Токму минатата година, Ана Винтур се развела од милијардерот Шелби Брајан со кого била во брак од 2004 година, откако се развела од таткото на нејзините деца – угледниот детски психијатар Дејвид Шафер. Со него ги добила синот Чарлс и ќерката Би.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bee Carrozzini (@beecarrozzini)

Сега се шушка дека Ана има нов додворувач и дека не се откажува од љубовниот живот, и покрај тоа што чекори во 70-тите години од животот.

Во продолжение погледнете го интервјуто со Би Шафер во кое открива како е да се биде ќерка на Ана Винтур…

Ана Винтур (71) повторно вљубена: Дали познатиот актер од романтични комедии го освои срцето на челичната леди?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.