Тошиќ и дизајнерката ја напуштија Србија: Душко и Ана отпатуваа во Истанбул

Фудбалерот полета од Белград со утринскиот лет, а дизајнерката се качила во авионот во попладневните часови.

Фудбалерот и сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ замина во Турција со Ана Јовановиќ, со која почна романса пред неколку месеци, пренесува порталот republika.rs.

Како што дознава „Српски телеграф“, Тошиќ вчера во утринските часови отпатувал во Истанбулод аеродромот „Никола Тесла“, а само неколку часа подоцна на истата дестинација се упатила и дизајнерката, па моментално заедно уживаат на заедничкото патување.

Душко го видов вчера на аеродромот. Беше сам, со себе носеше помал куфер и беше во тренерка. Се качи на летот за Истанбул. Откако помина, се свртев да видам дали ќе се појават неговите ќерки или Јелена, меѓутоа, очигледно без нив отпатува во Турција. Подоцна, околу 12 часот забележав бринета, која беше мошне атрактивна и стокмена. Кога ја загледав малку подобро, сфатив дека е тоа Ана Јовановиќ, девојката со која го поврзуваат со денови. Ми беше интересно што не отпатува со него. Прво не носеше очила, а потоа забележа дека ја гледам и сфати дека ја препознаваат, па по проверката на пасошотстави црни очила за сонце. Веројатно се договориле одвоено да отпатуваат во Истанбул за да не бидат забележани“, раскажува за „Република. рс“ девојка што работи на аеродромот.

И Јовановиќ немала придружба, што укажува на тоа дека во Истанбул ќе престојува со фудбалерот.

instagram.com/duskotosic

Ана околу пладне ја помина пасошката контрола, прво Тошиќ помина сам, а по неколку часа помина и таа. Не може да биде случајност што во ист ден и двајцата отпатуваа во Истанбул. Душко го забележав веднаш бидејќи ми беше чудно тоа што нон-стоп се вртеше, како да чека некого. Изгледаше нервозно, дури потоа, кога ја забележав неа, ми беше јасно зошто се однесуваше така. Во еден миг му се јавина на мобилниот, па кажа дека не може да зборува бидејќи чека да се качи во авионот“, раскажува добро упатената соговорничка.

Инаку, Душко на својот инстаграм-профил објави фотографија од аеродромот на која се гледа во кое време полетува авионот за Турција, а постави и емотикон срце, па изгледа дека едвај чекал да пристигне во градот што има најубав поглед на Босфор.

Додека Душко патува, Јелена Карлеуша ги чува ќерките. Таа е во Белград со Атина и Ника. Популарната пејачка престана да ја коментира аферата на својот сопруг на социјалните мрежи, за разлика од почетокот на гласините. ЈК и дизјанерката не се дружат, но, наводно, се водобри односи, па и двете тврдат дека не станува збор за некаква афера.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.